(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО СЕ СПРАВУВА БУГАРИЈА СО ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

/

Во софискиот ромски кварт Факултета се одржа протест против забраната за влегување и излегување од населбата. Бугарските медиуми јавуваат дека доцна синоќа на социјалните мрежи биле објавени видеа на кои се гледа судир помеѓу припадниците на полицијата и жителите од оваа населба. Во моментот таму има засилено присуство на полиција .

Според последните објавени податоци во двата софиски ромски квартови, Филиповци и Факултета има голем број на заразени со корона вирус, а дел од нив се во тешка состојба.

Шефот на владиниот кризен штаб во Бугарија,генерал Венцислав Мутафчиски соопшти дека едни од најтешките случаи во болниците доаѓаат токму од тие квартови. Погледнете видео од протестот што се одржа денеска пред голем супермаркет во кварталот Факултета.



Претходна статија

КИДНАПИРАН ОХРИЃАНЕЦ, КИДНАПЕРИТЕ БАРАЛЕ ПАРИ ОД НЕГОВИОТ БРАТ ЗА ДА ГО ПУШТАТ

Следна статија

ПОТВРДЕНИ 36 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И УШТЕ 3-ЦА ПОЧИНАТИ

Најново од Вести