Мицотакис до Силјановска: Без нови провокации
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја повика новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, да избегнува нови незаконски и провокативни активности, јавува БГНЕС.
За време на заклетвата во парламентот на 12 мај, Силјановска не го употреби целото име на државата – Република Северна Македонија, туку само Македонија. Тоа е во спротивност и со Договорот од Преспа, со кој заврши долгогодишниот спор за името на државата со Грција.
Мицотакис најави дека ратификацијата на трите меморандуми од Договорот од Преспа во грчкиот парламент ќе се случи тогаш кога „другата страна ќе покаже доследно исполнување на меѓународните обврски“.
