МИЦОТАКИС: ЕВРОПА ДА ГО ПОТСЕТИ ЕРДОГАН ДЕКА ГРАНИЦИТЕ НА ГРЦИЈА НЕ МОЖАТ ДА СЕ МЕНУВААТ
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повика на посилна европска солидарност во справувањето со турските провокации против грчкиот суверенитет и имиграциската криза, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Во интервју за „Politique International“, Мицотакис изјави дека „сите проблеми што Грција ги има со Турција, или со која било друга земја, се автоматски проблеми на Европската унија“.
„Европа, заедно со Грција, секако мора да реагира соодветно. Европа мора да го потсети Ердоган дека нашите граници не можат да се менуваат и не се предмет на дискусија “.
Мицотакис исто така ја обвини Турција дека не го почитува својот договор со ЕУ за ограничување на миграцискиот проток. „Се чини дека Европа не го смета нашиот проблем како европски“, рече Мицотакис за магазинот.
