МИЦОТАКИС НЕМА НАМЕРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ МАКЕДОНИЈА

//

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рекол дека процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ и поддршката на брендот „Македонија“ ќе бидат две алатки кои грчката влада ќе ги користи за да ги ублажи негативните последици од Договорот од Преспа.

-Од оваа говорница изјавив дека Преспанскиот договор е лош и штетен. Но исто така реков и дека кога еднаш ќе биде ратификуван, не може да се менува еднострано. Неопходно е да се бориме да ги ублажиме негативните последици така што ќе и вршиме притисок на Северна Македонија во текот на процесот на европските интеграции-порача Мицотакис.

Грчкиот премиер, во текот на собраниската дебата за програмата на новата влада, навел дека поддржувајќи македонски производи, ќе спроведе голема светска кампања и ќе ја промовира „автентичната грчка Македонија“ .

Мицотакис додал и дека тој не го променил ставот за Преспанскиот договор, и дека од сега ќе ги почитува принципите на доследност помеѓу предизборните говори и постизборни дела.



Извор: Тв Стар



Претходна статија

ЖИТЕЛИ НА ЧЕНТО НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ДЕЛЕЊЕ ТЕРАПИЈА НА ЗАВИСНИЦИ ВО НИВНАТА ПОЛИКЛИНИКА

Следна статија

П. БОГОЈЕСКИ: КОМУНИЗМОТ Е РЕПРЕСИВЕН РЕЖИМ КАКО ФАШИЗМОТ, А ЧЕНТО И БРАТОТ НА НИКОЛА КАРЕВ СЕ НЕГОВИ ЖРТВИ

Најново од Вести