Мицотакис пред НАТО: Мицкоски одлучи да не го спроведува Договорот од Преспа
„Имав можност да ги информирам моите колеги за фактот дека премиерот на Северна Македонија одлучил да не спроведува клучен член од Договорот во однос на името на државата и да ја нарекува „Република Македонија“ во земјата. Нешто што очигледно е изрично забрането со договорот од Преспа, сакам да забележам дека во салата и во присуство на сите лидери на НАТО, тој не ја примени оваа тактика и го употреби уставното име на својата земја. Ова го изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на самитот на НАТО во Вашингтон, јавува ЕРТ, пренесува БГНЕС.
„Верувам дека вака или онака раководството на РСМ ќе сфати дека оваа тактика е целосно контрапродуктивна. Договорите мора да се почитуваат, тоа го истакнав вчера и на Пленарното собрание на НАТО и е нешто што мислам дека го разбираат и сите наши сојузници“, рече Мицотакис.
Тој нагласи дека желбата на Грција е Скопје да преземе чекори кон ЕУ, но тоа подразбира почитување на меѓународното право и договорите што земјата ги има потпишано.
„Во секој случај, Грција засега нема да го открие оружјето со кое располага за да одговори на евентуалната упорност на раководството на соседната земја, да ја користи оваа тактика“, додаде шефот на грчката влада.

