МИЛАН И ОФИЦИЈАЛНО ИМА НОВ СОПСТВЕНИК!

Италијанскиот гигант Милан има нов сопственик. Компанијата „Елиот Менаџмент“ ја презеде контролата над клубот откако досегашниот шеф Јонхон Ли не успеа да го врати долгот.

Време е за Мундијал, време е за најдобри коефициенти!

Јонгхонг Ли не успеа да ги врати парите кои ги позајми од Елиот во висина од 415 милиони евра, па фондот ја презеде контролата над клубот.

„Елиот“ преку официјално соопштение потврди дека ќе работи да го врати клубот меѓу најдобрите во светот, каде што му е местото на Милан.

„Сопственоста и контролата на холдинг компанијата која поседува мнозински пакет во Милан е пренесена на име на Елиот. Сега откако ја превзеде контролата, визијата на Елиот е јасна: да се креира финансиска стабилност и да се постави солиден менаџмент, да се постигне долгорочен успех и да се осигура дека клубот има капитал, и да се воспостави одржлив бизнис модел кој е во согласност со правилата на УЕФА за Финансиски фер плеј“, стои во соопштението.



Италијанските медиуми пренесуваат дека Елиот ќе направи промена на директорите и веднаш ќе внесе во касата на клубот 150 милиони евра за инвестиции на трансфер пазарот.

Елиот е во напредни преговори со Паоло Малдини и сака да ја врати легендата во клубот па му го понудиле местото на технички директор.

Извор: Sportski.mk



Претходна статија

ВЕЧЕРВА СЕ ИГРААТ ПРВИТЕ ОСМИНАФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ОД ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Следна статија

ПЕЛИСТЕР ОД ПРВИОТ ШЕШИР, КУМАНОВО ОД ВТОРИОТ ЌЕ ГИ ЧЕКА ПРОТИВНИЦИТЕ ВО ЧЕЛИНЏ КУПOТ

Најново од Спорт