МИЛАН ПОВТОРНО НА УДАР НА УЕФА: „РОСОНЕРИТЕ“ БЕЗ ЗАСИЛУВАЊА ВО ЈАНУАРИ?!

Милан повторно е на мета на УЕФА. Eвропската куќа на фудбалот би можела да го казни италијански Милан со 20 милиони евра поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј, пренесуваат италијанските медиуми.

Исто така на Милан би можело да му биде забрането да регистрира нови играчи во јануарскиот преоден рок.

На Милан поради кршењето на правилата на ФФП според кои клубовите не смеат да потрошат повеќе отколку што заработиле му беше забрането учество во Лигата на Европа. Меѓутоа судот за спортска арбитража ја прифати жалбата на „росонерите“, па тие добија право за настап.

Спортскиот суд за арбитиража пресуди Милан да се врати во Лигата на Европа, но УЕФА го врати предметот за да воведе пропорционална казна. „Република“ пренесува дека во наредните денови Милан ќе биде казнет со околу 20 милиони евра, но и суспензија за регистрирање на играчи во јануари.

Казната на „росонерите“ би им била доделена за претходното прекршување на правилата.

Извор: Sportski.mk

Слични Објави