| |

МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ Е ПОВТОРНО УАПСЕН

Во полициска акција утринава се апси на неколку локации во Скопје. Меѓу уапсените е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор, поранешни негови соработници од министерството, државен правобранител на Град Скопје, нотари, вработени во Катастар и еден бизнисмен, кој требало да ги работи т.н „Шпански скали“, пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК

Станува збор за кривични пријави поради злоупотребата на службеата положба и овластувања и за несовесно работење во службата. Неофицијално, според порталот, станува збор за државно земјиште кое министерството за транспорт и врски го дали на лица кои не исполнувале услови за истото.Станува збор за изградбата на Шпанските скали во центарот на Скопје кои требаше да се градат во 2015 година. Сегашниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ ја поништи одлуката во 2018 година, затоа што инвеститорот по две години по правосилноста на решението, не почнал да ги гради истите.



Слични Објави