Милотинова: Протестите во Скопје го покажуваат тоа што Бугарија се обидуваше да ѝ го каже на Европската унија

//

„Протестите во Северна Македонија во последните денови го покажуваат тоа што Бугарија се обидуваше да ѝ го каже на Европската унија.
Ова во програмата „12+3“ на Бугарското национално радио го изјави новинарката Милена Милотинова, авторка на филмовите „Само затоа што беа Бугари“ и „Хроника на едно национално предавство“ .

„ЕУ веќе е свесна каде е проблемот, клучот за негово решавање е во Скопје. Ако Скопје го прифати францускиот предлог, патот за почеток на преговорите ќе биде отворен, а блокадата ќе падне веднаш откако Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот како државотворен народ со еднакви права со сите народи во РСМ“, изјави Милотинова.



Се надевам дека политичарите во Скопје ќе се однесуваат доволно одговорно и ќе го прифатат францускиот предлог кој ќе им го отвори патот за влез во ЕУ. Се надевам дека разумот ќе надвладее“, вели Милотинова.



Претходна статија

Кацарска: Референдум за францускиот предлог би бил макотрпен и долго процес, но не треба се исклучи како решение

Следна статија

Николоски: Без ВМРО-ДПМНЕ нема две-третинско мнозинство за отворање на Уставот

Најново од Вести