| |

МИНИСТЕРКАТА ДЕСКОСКА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска учествува на дводневна конференција на високо ниво „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста со цел обезбедување интегритет: Обединети против корупција“, организирана од Министерството за правда на Република Хрватска во соработка со ГРЕКО (Група држави против корупцијата).

Во рамки на конференцијата ќе бидат промовирани национални механизми за борба против корупција и ќе се промовира јавната транспарентност, со цел да се зајакне транспарентноста и одговорноста.

Конференцијата ќе се одржи на 15-16 октомври 2018 година во Шибеник (Хрватска) под покровителство на хрватското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Слични Објави