МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ЌЕ НЀ ИНФОРМИРА ЗА КОРОНАВИРУСОТ ОД СВОЈОТ ДОМ
Во моментов се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку зум платформата од домот на министерот Филипче, со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега, јавува Министерството за здравство, по информацијата дека министерот Венко Филишче ќе биде во самоизолација поради контакт со кумановскиот градоначалник кој е заразен од ковид-19.
„Доколку во текот на следните часови се прилагоди системот, министерот Филипче ќе одржи стандардна прес-конференција од својот дом. Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со коронавирусот во земјата ќе информира преку видео обраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ страница на министерот“, велат од министерството.