|

Министерот Шакири по вчерашниот крах со платформата: Проблеми имаа тие што во петокот не ги потврдија лозинките

По вчерашниот крах на платформа за онлајн настава кога на некои места не можеа да се вклучат и наставници и ученици, министерот за образование Јетон Шаќири денес вели дека проблеми имало само во некои училишта. Оние кои ги послушале препораките од петокот, го тестирале системот, ги провериле лозинките, немале проблем да се вклучат.

„Некои од училиштата кои вчера првпат добија закани за бомби за половина час, триесет минути ги надминаа проблемите. Апликацијата реално се користи. Училиштата кои во петокот постапија по препораките за потврда на лозинките и вклучување на системот: проблеми имаа тие што не постапија по препораките“, рече министерот Шаќири.

Во петокот Министерството за образование даде препорака, доколку има нови дојави за бомби, наставата за еден час да продолжи онлајн за учениците да немаат прекин во образовниот процес и советуваше училиштата да направат подготовки. Закани за бомби во скопски училишта има и денес

За проблемите со целодневната настава во основните училишта која вчера требаше да продолжи онлајн, можноста бомби да има и за матурските испити и за сите проблеми за кои вчера јавија наставниците, учениците, но и родителите, министерот вели дека работните тела и безбедносните органи прават дополнителни анализи за да се дадат нови препораки по кои треба да се постапува по заканите за бомби.

Слични Објави