Министерот за локална самоуправа Милевски утре ќе поднесе оставка

/

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски утре ќе поднесе оставка до Владата. Милевски, како што изјави за МИА, се повлекува од министерската функција поради лични причини.

Според Милевски, до крајот на неделата се очекува неговата партија, Либерално-демократската партија (ЛДП) да предложи нов кандидат за министер.

-Се искучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА.

Горан Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Османи оствари средба со својот естонски колега Реинсалy

Следна статија

Приведено лице, осудено на пет години затвор

Најново од Вести