| |

Министерот за транспорт на Бугарија достави предлог договор со Република Северна Македонија за железничкиот тунел Деве Баир, дел од Кординор 8

Истото треба да ја организира подготовката, изградбата и работата на прекуграничниот железнички тунел Деве баир, пренесува БГНЕС.

Бугарската влада денеска, 30 декември, ќе ја одржи последната седница за годинава.

Една од точките што ќе бидат разгледани на седницата е предлог-одлука за одобрување на нацрт-договор меѓу Владата на Република Бугарија и Владата на Република Северна Македонија за решавање на технички, финансиски, правни и организациски прашања поврзани со подготовката, изградбата и работа на прекуграничниот железнички тунел Деве баир“. Тунелот е дел од европскиот коридор број 8. Министерот за транспорт и врски е иницијатор.



Слични Објави