Министерот за труд и социјала на Бугарија со поддршка за спортистите со Даунов синдром
Министерот за труд и социјална политика на Бугарија, Борислав Гуцанов, ќе учествува на прес-конференцијата на Федерацијата „Адаптирана физичка активност – Бугарија“ (ФАФА), организирана по повод домаќинството на земјата на Светското првенство за спортисти со Синдром на Даун во 2026 година. Настанот ќе се одржи денеска со почеток од 11 часот локално време во Софија, јавува БГНЕС.
Министерството за труд и социјална политика активно ја поддржува Федерацијата „Адаптирана физичка активност – Бугарија“ во промовирањето на социјалното вклучување на лицата со попреченост. Со средства од Оперативната програма „Развој на човечките ресурси“ (2014–2020) и од Фондот „Социјална заштита“, Министерството финансираше проекти за создавање на „Социјален центар – Вие сте дел од нас“, како и за реконструкција и модернизација на материјалната база на Дневниот центар за терапија и рехабилитација, кој обезбедува квалитетна грижа за 30 деца и млади со Синдром на Даун.
Светското првенство ќе се одржи во Софија во јуни 2026 година. Бугарија ќе пречека повеќе од 500 спортисти, тренери и делегати од целиот свет и ќе стане првата земја од Источна Европа што ќе биде домаќин на овој значаен спортски форум.

