Новинарството под притисок: ниски плати, слаба заштита и еродирана доверба
Негативен однос на дел од политичарите кон новинарите, политички пристисоци, економска несигурност, празнини во законите и присуството на дезинформации, се дел од причините за намалената доверба на јавноста во медиумите гласи заклучокот во извештајот „Во сенка на слободата на медиумите“.
Медиумите во земјава не се финансиски самоодржливи, особено со финансиски проблеми се соочуваат истражувачките медиуми, новинарските плати се под нивото на просечна плата во државата, а професионалните стандарди често се заобиколуваат со објави на дезинформации од мејснтрим медиуми. Ова се дел од предизвиците со кои се соочуваат медиумите во земјава, се заклучува во извештајот „Во сенка на слободата на медиумите во Северна Македонија, изработен од автори од ОВСТ ( Osservatio Balcani Caucaso Transeuropa ) и Метаморфозис.
Во извешатајот е потенцирано дека клучен предизвик е плурализмот на медиуми односно неплурализмот, затоа што покрај големиот број на медимиум постои огромна поделеност на медиумскиот пазар што резултира со финансиски потешкотии кои создаваат проблем во одржувањето на професионалност и отпорност кон притисоци. Дополнително државното финансирање има се поголема улога во македонските медиуми, и предизвикува сериозни грижи во однос на независноста и клинетелизмот, особено во предизборните кампањи.
„Згора на се ја имаме и онаа специфична одредба во изборниот законик, каде што според минатите избори во медиумите влегле околу 10 милиони евра. Тие пари се од граѓаните, но распределбата ја прават политичките партии и тоа е единствен систем во светот и тие пари се распределини според волјата на политичките партии, нешто што експертите редовно го критикуваат, затоа што води кон клиентелеизам на веќе ослабнатите медиуми. Да не го заборавиме фамозниот „член 102 “ со кои стои отворена вратата државата да финансира одредени медиуми со одредена цел,“вели еден од авторите на извештајот Зоран Ричлиев.
Со проблеми се соочува и јавниот сервис (МРТ) кој е под постојан политички притисок и со финансиска нестабилност, што ја поткопува неговата способност да обезбедува непристрасна програма во јавен интерес.
„Недоволното финансирање резултира со ниски плати, лоши услови за работа, ограничен професионализам и програма која претежно се сведува на основно известување без критичка анализа и без разновидни содржини“, се вели во извештајот.
Медиумски пустини
Недоволно развиениот локален и регионален медиумски пазар, во комбинација со недостиг од покривање на локалните теми од страна на националните ТВ, радио и онлајн медиуми, претставува сериозна закана за медиумскиот плурализам. Последниот извештај на Самостојниот синдикат на медиумски работници покажува дека одредени територии во земјава каде што граѓаните немаат пристап до локални информации. Можат само да се информираат од национални медиуми и од регионални, но не и за локалните проблеми и состојби со кои се соочуваат.
„Потребен е фонд за медиумски плурализам, каде што распределбата не треба да ја прават политички фактори, туку би ја правеле независни експертски тела. До душа не сме многу успешни и во тие тела, затоа што и таму најчесто политички се бираат актерите, ама мислам дека е неопходно, да се формира “, објаснува Ричлиев.
Он лајн просторот нова арена за битка против новинарите
Според податоците на Здружението на новинари, во изминативе години драстично е намален бројот на физички напади врз новинарите, ама затоа он лајн просторот стана арена за битка против новинарите.
Најчести проблеми се демнењето и вознрмирувањето особено на новинарките во онлајн просторот. А чест случај се и таканаречените СЛАП тужби од моќници кон истражувачките медиуми со цел да се спречи објава на истражувачки стории. Такви забелешки имаше и во последниот извештај на Стејт департментот.
(Целата сторија прочитајте ја на Радио Слободна Европа)
