|

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора открива: Стотина полицајци имале врски со криминални кланови

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ изјави дека апликацијата „Скај“ е валиден доказ, но не и единствен, дека стотина полицајци имале врски со криминални кланови и посочи дека граѓаните ќе бидат изненадени од имотот што некои од нив го поседуваат.

Тој потсети дека овие сознанија дошле откако Црна Гора ги добила податоците од Европол, а сега против нив се собираат и други докази. Тој уверува дека МУП ги презема сите мерки и дејствија тие да не влијаат врз функционирањето на овој оддел и очекува во наредниот период да и зададат најтешки удари на мафијата, пишува „Вијести“.

Некои од тие лица се веќе суспендирани, а станува збор за веќе споменати во одредени случаи, а за некои што ја злоупотребиле функцијата, се бара начин да бидат отстранети од службата, вели Аџиќ.

Како запрепастувачки податок изјави дека околу 60,70 вработени не дошле на работа, а им биле исплатени, вели, речиси два милиони евра. Еден од нив, додава, добил над 30.000 евра.

„Мораме да престанеме со оваа практика“, рече Аџиќ и додаде дека голем број полицајци се под истрага поради нивниот „начин на живот“, а граѓаните ќе се изненадат кога ќе видат со колкав имот располагаат полицајците.

Тој додаде дека секојдневно добиваат информации од Интерпол.



Слични Објави