Министерството за одбрана се отвора кон јавноста и ќе објавува сè што не е тајно

/

Трошењата на министерот за одбрана , платите и јавните набавки во Министерството за одбрана повеќе нема да бидат тајна, порача Радмила Шекеринска, првиот човек на ова министерство на прес-конференција.

– Министерството за одбрана, не само во Македонија, но особено во Македонија се сметаше за едно од традиционално најзатворените министерства, заради природата на работа, но и заради таквата политичка волја. Зад параванот на класифицирани информации важни за безбедноста на државата во минатото се криеја потези кои значеа криминал, злоупотреба на средства, лагодно однесување од страна на раководителите во Министерството, па дури и манипулации.  Во име на законската потреба од класифицираност околу споделувањето на информации за суптилни безбедносни прашања се правеле манипулации кои оделе директно на штета и на безбедноста на државата, но и на буџетот на Република Македонија. На таа практика и дојде крајот – порача Шекеринска… (Прочитајте го целиот напис овде)



Претходна статија

Вучиќ: Ова е терористички акт, Приштина да не помислува да влезе на северот на Косово

Следна статија

Под истрага сметките на роднините на поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од Вести