БАРСЕЛОНА ЌЕ ОДИ ПО ПОТПИСОТ НА ПОРАНЕШЕН ИГРАЧ НА РЕАЛ МАДРИД

Вести Истакнато Спорт

Барселона планира да го ангажира напаѓачот на Челси, Алваро Мората, а тоа го потврди и дефанзивецот Жорди Алба, кој сака да го види Шпанецот во Каталонија.

Шпанските медиуми неделава пишуваат дека каталонскиот гигант ќе се обиде да го ангажира Мората, кој не се прилагоди во Лондон, а причина за тоа беа големиот број на повреди.

„Мората е фантастичен фудбалер. Јас го почитувам и досега бевме соиграчи, но би сакал да дојде во Барселона“, вели Алба.

Шпанскиот напаѓач досега постигна 16 гола во 45 настапи за Челси, но сега најверојатно ќе мора повторно да паузира поради повредата, која ја заработи во мечот против Мол Види во Лига Европа.

Извор: Sport1.mk