ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „ЏИФОНИ ПАТУВА ВО ГОСТИВАР“

Денеска и утре во Меѓународниот универзитет „Висион“ во Гостивар, со почеток од 10 часот ќе се одржи Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Гостивар“, кој ќе го отвори градоначалникот Арбен Таравари.

Во текот на двата дена, младите уметници ќе гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерот Сенад Абдули, кој ќе биде и ментор на актерската работилница. Работилницата за фотографија ќе ја води професорот Роберт Јанкуловски, а ментор на ликовната работилница ќе биде Моника Мотеска. Преку работилниците учесниците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност.

Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка од Агенцијата за филм и фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со општина Велес и Италијанската амбасада во Скопје.

Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Струмица, Кочани, Струга, Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп. Следната година фестивалот ќе продолжи да патува во останатите градови во Македонија.



Слични Објави