Министрите за надворешни работи на ЕУ се состануваат во Копенхаген за Украина и Газа
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска се собираат во Копенхаген со главни теми на разговорите војната во Украина и состојбата во Појасот Газа, јавува БНР.
Високите дипломати ќе дискутираат за тоа како да се искористат околу 210 милијарди евра замрзнати руски средства. Во однос на војната во палестинскиот енклав, ќе се бара заедничка позиција откако еврокомесарката за меѓународна соработка, хуманитарна помош и справување со кризи, Хаџа Лабиб, ги повика земјите членки да „пронајдат силен глас кој ќе ги одразува нашите вредности и принципи“.

