МИТРЕВСКИ: БОЖОВИЌ И БИЛИК ЌЕ ШУТНАТ ЕДНО 30 ПАТИ, АМА ГО ЗНАЕМЕ ЛЕКОТ!

Македонските голмани ќе бидат под силен притисок на вечерашниот натпревар со Австрија (18.15), но Никола Митревски уверува дека победата не е недостижна, напротив, со добра одбрана може да биде исполнета целта.

На средбата со медиумите голманот кој беше херој на нашата единствена победа досега (со Украина) истакна дека Австрија не е ништо поквалитетна од Македонија. Ако нашите играчи пружат максимум, поразот од Чешка може да биде неважен и Македонија да си овозможи нов почеток на ЕВРО 2020.

„Сите знаеме дека овој натпревар е мало финалеза нас, да се биде иоли не. Подготвени сме да одиграме со една репрезентација која квалитативно не е подобра од нас. Имаме шанси со победа на денешниот натпревар ќе го анлураме тој пораз со Чешка и може да биде воопшто небитен. Наше е само да излеземе, да го дадеме максимумот и да се надеваме на победа.“, вели Митревски.

Тој и Борко Ристовски ќе бидат изложени на „проектили“ од далечина бидејќи тоа е најголемиот адут на Австрија – Божовиќ и Билик. Сепак Митревски не се плаши и вели дека има решение и за тоа. Лекот е да се сопрат не тие двајца, туку останатите.

„Ако се прашувам јас, одбраната е таа која решава на вакви големи натпреварувања.Божовиќ и Билик сигурно ќе шутнат едно 30 пати, но според мене важно ќе биде да не се размавнат крилата и пикерите. Како на пример Вебер што имаше 8 од 8 на минатиот меч. Ако ги намалиме головите на останатите мислам декаќ е имаме успех, тие двајца нека си ги имаат своите 15-16 гола“, образложи голманот.

Македонија ќе игра на победа против Австрија и тоа со барем два гола разлика, ако сака да помине понатаму. Еден гол ќе заврши работа, само ако конечниот резултат е 32-31 или поефикасен. Од друга страна, победа со четири гола или повеќе ќе ни заврши контра услуга бидејќи така ќе продолжиме во втората фаза со 0 бодови, наместо со два.

Извор: Спорт1