| |

„Мизерни“ чувства!

Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца

Мизерно е, да мислиш дека живееш покрај интелигентни луѓе и патриоти, а всушност да не е така!

Мизерно е, да мислиш дека живееш во независна држава, а всушност да не е така!

Мизерно е, да мислиш дека си избрал власт која што ти мисли добро, а всушност да не е така!

Мизерно е, да се надеваш дека ќе има подобра иднина, а всушност да не е така!

Мизерно е, да мислиш дека конечно ќе добиеш чиста демократија, човекови права и слобода, а всушност да не е така!

Мизерно е, да мислиш дека комунизмот и титовизмот си отидоа, а всушност да не е така!

Мизерно е, да мислиш дека твојата земја веќе не е српска или т.н. југословенска територија, а всушност да не е така!

Мизерно е, да мислиш дека членството во НАТО ќе ги запре амбициите на петтата колона на Белград и Москва, а всушност да не е така!

Мизерно е, да мислиш дека е возможно помирување меѓу нас, а всушност да не е така!

Мизерно е, да мислиш дека ќе се вратиме на вистинскиот пат нацртан од Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михајлов, а всушност да не е така!

А, нај мизерно е, да имаш ултра мизерни т.н. политичари коишто на нај блискиот сосед и роднина се обраќаат со ‘мизерни’ зборови!

(Особено, после одлуката на ЕУ, да ги започне пристапните преговори со Албанија за нејзиното членство во унијата, а да ја изостави Р. С. Македонија, чувството на ‘мизерност’ добива уште по големи размери!)



Слични Објави