ММФ ги зголеми глобалните прогнози за растот

//

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми својата проценка за растот на светската економија поради краткорочните поттици од новата даночна политика на Вашингтон. Аналитичарите на ММФ ја зголемија прогнозираната стапка на глобален економски раст за 0,2 на на 3,9 насто.

„Последиците на новиот даночен систем во САД ќе бидат позитивни до 2020 година, но се очекува поради даночниот пакет од 2022 година да дојде до намалување на растот“, наведува ММФ во најновиот извештај.

ММФ очекува раст во САД оваа година од 2,7 отсто, што е за 0,4 отсто повеќе од претходно, додека во Кина очекува раст во 2018 година од 6,6 отсто, што е за 0,1 отсто повеќе од претходно, а во Индија од 7,4 отсто, колку што и претходно се предвидуваше.



Претходна статија

Дали сакате европски филмови?

Следна статија

Операцијата во Африн или имитирање војна

Најново од Вести