| |

АРСОВСКИ: ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА НА РАШКОВСКИ

Одлуката за поднесување оставка од функцијата во Владата е лична на Драги Рашковски, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека оставката била доставена до премиерот Зоран и Заев и дека тој ја прифатил.

Рашковски утрово на својот „Фејсбук“ објави дека се повлекува од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата.



Слични Објави