| |

МНР на Бугарија побара објаснување од македонската амбасада за одбиениот влез во Северна Македонија на Ангел Георгиев, претседател на Комисијата за Бугарите во странство

Вршителката на должноста амбасадор на Република Северна Македонија во Софија денеска беше повикана во Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија, поради одбивањето на надлежните локални институции да му дозволат влез во земјата на 27 септември на претседателот на парламентарната Комисија за политики за Бугарите надвор од земјата, Ангел Георгиев. Целта на посетата била присуство на судско рочиште во предметот против нашата сонародничка Ива Михаилова во Кочани следниот ден, во својство на член на бугарска парламентарна делегација, соопштуваат од МНР на Бугарија.

На средбата беше побарано објаснување за мотивите на Скопје за преземање вакви постапки во овој момент, со оглед на непречениот влез на г. Георгиев на територијата на РСМ во претходните месеци по истиот повод.

Бугарската страна јасно изјави дека ваквиот пристап го смета за провокативен.



Слични Објави