| |

МНР на Бугарија: Висока излезност во странство, без проблеми во гласањето

Забележана е исклучително висока излезност на изборите во странство, без потешкотии во ниту една избирачка секција надвор од Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија, пренесе БГНЕС.

До 18:00 часот гласањето е завршено во Нов Зеланд, Австралија, Сингапур, Јапонија, Република Кореја и Кина.

Дефект е регистриран кај само една машина од вкупно 130 во 19 држави. Во странство функционираат 493 избирачки места во 55 држави.

Изборниот ден за гласачите во странство ќе заврши во 06:00 часот на 20 април.



Слични Објави