МОН: По усвојување на измените на Законот за субвенционирниот студентски оброк, ќе продолжи редовната исплата на зголемениот надоместок
Министерството за образование и наука информира дека во соработка со пратениците во Собранието се работи на унапредување на законското решение за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира, меѓу другото, и зголемување на дневниот паричен надоместок.
Предлог-измените на законот за новото системско решение се во собраниска процедура и по нивно усвојување, исплатата ќе продолжи редовно, а студентите што го остваруваат ова право на своите трансакциски сметки ќе го добиваат зголемениот износ.
Министерството дава поддршка за побрзо донесување на законските измени, а во меѓувреме ги врши сите потребни подготовки, односно собирање на потребните информации од надлежните институции за брза исплата на средствата веднаш по стапувањето во сила на измените на законот.