|

МВР: ДОСЕГА СМЕ ПОДНЕЛЕ 483 ПРИЈАВИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Статистика на МВР за почитување на мерките за ограничување на движењето на граѓаните од нивното воведување до денес покажува дека вкупно 1.322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, 62 лица од нив се на возраст до 18 години и 42 лица се на возраст над 67 години. Приведени биле вкупно 519 лица, опоменати се 223 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат дополнителни мерки. Најголем дел од лицата биле на територијата на СВР Скопје, пренесува Телма.

До Основното јавно обвинителство до сега поднесени се вкупно 483 кривични пријави и 73 известувања.

Во однос на почитување на мерката изолација и самоизолација до сега на 24.05 лица им се издадени решенија за изолација, а вкупно 9.793 лица пополниле изјава за самоизолација.
Во изминатиот период констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 прекршувања на изјавите за самоизолација. Во оваа насока поднесени се вкупно 134 кривични пријави до Основното јавно обвинителство.

Од МВР информираат дека досега во вкупно 25 објекти сместени се 2.099 лица во државен карантин.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесена е една кривична пријава и 25 известувања до Основното јавно обвинителство кои се однесуваат на говор на омраза поврзан со ковид-19.



Слични Објави