СКСЗМ: ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ИЗВЕСТАТ НАЈМАЛКУ 48 ЧАСОВИ ПРЕД ОДЛУКИТЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕТО ДА СТАПАТ ВО СИЛА

/

– За Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) неприфатлива е одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на Куманово во текот на целиот викенд, бидејќи сметаат дека е неопходно граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред слични одлуки да стапат во сила, пренесува Кумановскимубаети.

-Оваа одлука е неприфатлива од фактот што е донесена само неколку часа пред да почне ограничувањето на слободното движење од 21:00 часот и еден ден пред да започне викендот, со што граѓаните на Република Северна Македонија се информираат само неколку часа порано. Оваа ситуација создава заблуда и паника кај граѓаните од таа зона, кои од недоволно снабдување со основна храна се собираат во толпа од луѓе за да ги извршат потребните набавки. Ваквата состојба го зголемува нивото на ризик од ширење на коронавирусот уште повеќе, факт што е во ничиј интерес за време на овој период на пандемијата COVID19, порачуваат од СКСЗМ. Апелираат до релевантните институции за каква било слична одлука што ќе се донесе, да се известат граѓаните најмалку 48 часа пред таа да влезе во сила.



Претходна статија

МВР: ДОСЕГА СМЕ ПОДНЕЛЕ 483 ПРИЈАВИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Следна статија

ФИЛИПЧЕ ПРЕКУ FACEBOOK ПРЕТСТАВИ АПЛИКАЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести