Според социолог, попладнево ќе биде клучно за избирачката активност во Бугарија
Избирачката активност на предвремените парламентарни избори во Бугарија до 15 часот (по локално време) е 24,8 отсто.
Два часа порано во 13.00 часот одѕивот беше 19,9 отсто, додека во 11.00 часот излезноста беше 13,3 отсто. Тоа го изјави директорот на бугарска агенција ГАЛУП, Парван Симеонов.
Според него, излезноста е поголема отколку на 4 април, јави дописникот на МИА од Софија, пренесува zoom.mk.
„Одѕвиот е во рамки на очекуваното на изборите на 4 април. Попладнево ќе биде одлучувачко“.
Тој додаде дека преку излезните анкети резултатите ќе бидат видливи веќе во 20.00 часот.
