| |

МВР на Бугарија: Состојбата со пожарите кај нас е под контрола

Во земјава во моментов нема активни пожари. Од огнената стихија изминатите денови изгореа екстремно големи површини – илјадници декари шуми, земјоделски површини, треви и грмушки, соопшти МВР на Бугарија, пренесува БНР.

Според анализата, бројот на пожари во однос на минатата година е зголемен за повеќе од 10%. Во тешката битка со огнената стихија учествуваа стотици пожарникари, припадници на жандармеријата, полицајци, шумски работници, воен персонал и доброволци. По активирањето на механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во гаснењето на пожарите на голема височина се вклучија екипи од Кралството Шпанија и Чешка, на помош дојдоа и турски пожарникари. Вчера беа пуштени сите претходно распоредени противпожарни екипи.

Во доцните попладневни часови пристигнаа сигнали за обновени два пожари- над селото Странџа и во атарот на пирамидата 204-205. Веднаш биле испратени 16 пожарникари со пет противпожарни возила, кои брзо ги изгаснале пожарите. Екипите останале да преноќат на терен за да ја следат ситуацијата.

Нема опасност пожарот во близина на бугарско-грчката граница да се прошири. Од бугарска страна се обезбедени и распоредени доволен број екипи и опрема за брза реакција во случај на евентуална промена на ситуацијата. Продолжуваат операциите за гаснење по воздушен пат на територијата на Грција.

Слични Објави