МВР со демант: Ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани
Министерството за внатрешни работи излезе со демант на информациите објавени на некои портали и социјални мрежи дека полицијата на 16 август наводно не дозволила влез на граѓани во Кочани за учество на протестот „Маршот на ангелите“.
Од МВР посочуваат дека „ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани“ и апелираат да не се шират дезинформации со кои се вознемирува јавноста.
Во соопштението се појаснува дека „со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите” на 15.08.2025 во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани“. Од Министерството дополнуваат дека при тие контроли „на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите” и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола“.
Во Кочани вчера се одржа 18. издание на „Маршот на ангелите“, од кој учесниците порачаа дека „правда мора да има“.


