| |

Тагарев-Мајер: Бугарската одбранбена индустрија треба се вклучи во помошта за Украина

Бугарската одбранбена индустрија треба да се вклучи во процесот на снабдување со муниција на Украина. За ова било разговарано на средбата меѓу министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев и францускиот амбасадор во Бугарија Жоел Мајер.

Вклучувањето во механизмот е дискутирано во контекст на „опциите за продолжување и проширување“ на помошта за Украина. Од МО не даваат повеќе детали за разговорите. Во Бугарија, Министерството за економија е одговорно за индустријата за оружје. Но, во март, при посетата на воените погони во Бугарија, европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, истакна дека „Бугарија има добар капацитет значително да го зголеми производство, во период кој може да биде компатибилен со она што е потребно“.

Разговорите на министерот Тодор Тагарев се водат пред средбата на водечките компании за производство на оружје со министрите за одбрана на НАТО. На средбата ќе се разговара за зголемување на производството на стандардизирани проектили, како помош за војната во Украина. ЕУ неодамна го надополни својот специјален фонд за оружје за Украина со 4,6 милијарди евра.

Слични Објави