| | |

На 18 март 1943 г. е формирана првата падобранска единица на бугарската армија

Првата бугарска падобранска единица е формирана со указ на цар Борис III на 18 март 1943 година. Нејзин прв командант е капетан Љубомир Ноев, јавува Инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана.

Своето огнено крштевање единицата го добива на 18 октомври 1944 година при освојувањето на утврдената од хитлеровите трупи Стражинска позиција на територијата на денешна Северна Македонија. Бугарските падобранци го напаѓаат врвот Стражин, сметан за непробоен, и со големи жртви успеваат да го заземат.

Само во тој ден загинуваат 35 падобранци, а 65 се ранети. За покажаниот хероизам и саможртва, целиот состав на единицата е унапреден во чин, а по наредба на командантот на Првата бугарска армија, генерал Владимир Стојчев, телата на загинатите се пренесени во Софија и погребани во Алејата на падобранците на Централните софиски гробишта.

Падобранската единица учествува во двете фази на војната. За време на учеството во Втората светска војна, единицата има 59 загинати, 151 ранет и 23 војници кои останале со траен хендикеп.

Со наредба на министерот за одбрана од 1994 година, датумот 18 октомври е прогласен за Ден на падобранецот на Бугарската армија.

Денес, припадниците на Заедничката команда за специјални операции се сметаат за достојни наследници на хероите од војната.

Слични Објави