На 23 август им се оддава почит на жртвите националсоцијалистичките, комунистичките и другите тоталитарни режими
На 23 август се одбележува Денот на сеќавањето на злосторствата на националсоцијалистичките, комунистичките и другите тоталитарни режими и за оддавање почит на жртвите на овие режими, се наведува во информација на одделот „Справочна“ на Бугарската телеграфска агенција.
Денот се одбележува во Бугарија од 2010 година. По предлог на пратеникот од „Сината коалиција“ Лачезар Тошев и во согласност со одлуката на 41-то Народно собрание од 19 ноември 2009 година, парламентот ги поддржува Резолуцијата 1481 од 25 јануари 2006 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа за потребата од меѓународна осуда на злосторствата на тоталитарните комунистички режими, резолуцијата на Европскиот парламент „Европската совест и тоталитаризмот“ од 2 април 2009 година и резолуцијата „Повторно обединување на поделена Европа“ на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) од 3 јули 2009 година.
Европскиот ден на сеќавање на жртвите на злосторствата на сталинизмот и нацизмот се одбележува на 23 август од 2009 година. Денот е прогласен со резолуција на Европскиот парламент од 2 април 2009 година, врз основа на декларација на Европскиот парламент усвоена на 23 септември 2008 година во Брисел, Белгија, за време на парламентарната сесија од 22 до 25 септември 2008 година, дополнува одделот „Справочна“. Целта на прогласувањето на денот е „да се зачува споменот на жртвите на масовните депортации и ликвидациите, а истовремено да се поттикнува демократијата и да се заштитат мирот и стабилноста во Европа“.
Денот се совпаѓа со годишнината од потпишувањето во Москва, СССР, на Договорот за ненапаѓање меѓу СССР и нацистичка Германија, познат како пактот „Рибентроп–Молотов“, во 1939 година.
