| |

Важна информација за сите кандидат-студенти од РС Македонија, кои сакаат да студираат во Бугарија

Амбасадата на Република Бугарија во Скопје објави важна информација за сите кандидат-студенти, кои сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија.

На 2 април (сабота) од 10 до 12 часот во Амбасадата на Република Бугарија ќе се одржи информативна кампања за презентација на можностите за високо образование во Република Бугарија во учебната 2022/2023 година. Учество ќе земат претставници од Министерството за образование и наука на Република Бугарија, Државната агенција за Бугарите во странство и Амбасадата на Република Бугарија.

Таква информативна кампања ќе се одржи и во Битола во организација на Генералното конзулство таму. Настанот ќе се одржи на 3 април (недела) од 10 до 12 часот во хотелот „Милениум“ на Широк сокак во Битола.



Слични Објави