НА 23 И 24 ЈУНИ – СООБРАЌАЈОТ КОН ПОНИКВА ВО ПРЕКИН
Поради одржувањето на автотрката „Кочани 2018“, в сабота и недела (23 и 24 јуни 2018 г.) ќе биде затворен за сообраќај патот Кочани – Пониква, на потегот над Градската депонија до Шумската куќичка „Пашаџиково“. Вo сабота, кога се подготовките за трката, прекинот на сообраќајот ќе трае од 11 до 17 ч., а в недела – од 9 до 17 ч., кога се очекува трката да заврши.