| | |

На 8 март пред 43 години Роналд Реган го објави СССР за „империја на злото“

На 8 март 1983 година во Орландо, Флорида, Роналд Реган одржал говор пред Националната асоцијација на евангелистите, кој и денес се смета за особено актуелен. Говорот бил посветен на моралните вредности и слободата во контекстот на Студената војна, пишува Фактор.

Во своето обраќање пред евангелистите, 40-тиот претседател на САД зборувал за комунизмот како олицетворение на злото и ги обвинил комунистичките лидери за принципиелна аморалност.

На крајот од својот говор, Роналд Реган ги изговорил следниве знаменити зборови:

„Да ги вознесеме нашите молитви за спасение на оние кои живеат во мракот на тоталитаризмот, да се помолиме тие да ја откријат радоста од познавањето на Бог. Но додека не го направат тоа, да бидеме уверени дека тие ќе ја проповедаат предноста на онаа држава која го прогласува својот примат над личноста и го предвидува својот примат над сите други народи во светот, и ќе бидат центар на злото во современиот свет. (…)

Ако историјата нè учи на нешто, тоа е дека е глупаво да се прават отстапки кон агресорот, претставувајќи го посакуваното како реалност. Тоа е предавство кон нашето минато и занемарување на сопствената слобода. Затоа, во вашите расправи и предлози за замрзнување на нуклеарното вооружување, силно ве молам да ја избегнувате соблазната на гордоста, соблазната непромислено да се прогласувате за поважни од сè и да ги прогласувате двете страни за еднакво виновни, игнорирајќи ги историските факти и агресивните пориви на империјата на злото, за едноставно да ја наречете трката во вооружување „гигантско недоразбирање“ и со тоа самите да се отстраните од борбата меѓу правдата и неправдата, меѓу доброто и злото.“

Слични Објави