На 97-годишна возраст почина проф. Александар Џеров, познат бугарски правник и политичар
На 97-годишна возраст почина проф. Александар Џеров. Ова го соопшти поранешниот уставен судија Георги Марков преку објава на социјалните мрежи, пренесува БГНЕС.
Професор Александар Џеров е познат бугарски правник и политичар. Потекнува од преродбеничко семејство од Македонија.
Проф. Џеров е меѓу основачите на Департманот за право на Нов бугарски универзитет, еден од најдобрите правници во областа на стварното право и истакнат парламентарец. Бил пратеник во VII Големо народно собрание, како и во XXXVI, XXXVII и XXXVIII Народно собрание.
