| |

Мерц планира средба за Украина со Трамп, Зеленски и европски лидери

Германскиот канцелар Фридрих Мерц планира да одржи средба со претседателите на САД и Украина, како и со европски лидери, два дена пред самитот меѓу САД и Русија во Алјаска, јавува БГНЕС.

Поканети се лидерите на Финска, Франција, Велика Британија, Италија, Полска, Украина, претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, генералниот секретар на НАТО, како и претседателот на САД и неговиот заменик.

Според најавите, на средбата ќе се разгледуваат можности за зголемен притисок врз Русија. Разговорите ќе се одвиваат во неколку одделни сесии, со цел поефикасна координација меѓу учесниците.



Слични Објави