|

На аеродромот во Софија во 2022 година поминале 6 милиони патници

Аеродромот во Софија е еден од најстарите европски аеродроми кој минатата година прослави 85-годишнина. Одлуката за негово создавање е донесена во 1937 година. Тогаш е избрано и земјиштето во квартал „Враждебна“ каде ќе се гради.

Најголем број на патници во историјата на аеродромот во Софија имало во 2019 година, околу 7 100 000 патници, изјави за Радио Софија, директорот за комуникации на аеродромот Росен Бачваров.

„Во 2022 година пречекавме околу 6 000 000 патници, што е за околу 1 милион помалку во споредба со времето пред Ковид пандемијата, но оваа година очекуваме сериозен развој. Планираме доста конзервативно, бидејќи околностите што сите ги гледаме во моментов – економските предизвици, потенцијалната рецесија, војната во Украина, цените на горивата, се работи што не тераат да бидеме умерени оптимисти“, додаде Росен Бачваров.

Тој прецизираше дека 23 авиокомпании летаат од и до Софија и покриваат 80 дестинации.

Практично од Софија можеме да стигнеме до било која дестинација во светот“, изјави директорот за комуникации на Софискиот аеродром.

Според него, клучно за еден аеродром не се само пистите и терминалите, туку и поврзаноста на главниот град со други територии.

Тимот на аеродромот работи многу активно и за воведување летови кон Блискиот Исток и Северна Америка, додаде Росен Бачваров.

Слични Објави