На денешен ден бугарските комунисти ја носат одлуката за македонизација на пиринскиот дел на Македонија
На денешен ден пред 75 години е извршено едно од најголемите предавства на бугарската Комунистичка партија кон бугарската нација и држава. На пленум на Централниот комитет на бугарската работничка партија (Комунисти) е изгласана Резолуција за давање културна автономија на Пиринска Македонија.
Македонизацијата на Пиринска Македонија е процес при којшто комунистичките власти во Бугарија и Југославија спроведуваат политика на наметнување на македонска национална самосвест на Бугарите во овој дел на Бугарија. Според историските факти Македонците се бугарска етнографска група со силно изразен регионален идентитет. На пописите пред доаѓањето на комунистите на власт нема регистрирани етнички Македонци но тоа се менува во периодот од 1946 до 1956 година кога одеднаш во Пиринска Македонија се појавуваат 178 862 етнички Македонци според последниот попис.
Процесот на македонизација на Пиринска Македонија се спроведува со цел промена на националната свест на бугарското население во тој дел на Бугарија и е дел од т.н идеја за Балканска федерација.
По отворениот конфликт помеѓу Тито и Сталин во 1948 година идејата за Балканска федерација пропаѓа.
Политиката за т.н. културна автономија е делумно напуштена од страна на БКП која во тоа време ја играла улогата на маша на Коминтерна и Кремљ.
Извор: Faktor.bg

