Со помош на австриските пожарникари изгаснат пожарот кај Будинарци кој се разгоре денеска на пладне

/

Градоначалникот на Општина Берово – Ѕвонко Пеќевски, потврди дека пожарот, пред да биде локализиран, стигнал до првиот пункт за вода. Како што појасни, ваквиот исход бил очекуван и поради тоа што имало голем број на екипи во сузбивање на огнената стихија.

„Акцијата успешно заврши околу 13.30 часот, сите кои гаснеа дадоа свој придонес. Тука беа австриските противпожарни единици кои беа најмногу евалуирани во целата акција, покрај останатите. Целта ни беше да го спасиме селото Будинарци, бидејќи пожарот беше доста близу до селото. Моментално нема опасност од негово проширување“, рече градоначалникот.



Претходна статија

Од ковид-19 починаа две лица од Тетово на возраст од 31 и 70 години, регистрирани се 143 нови случаи

Следна статија

Пронајден човечки труп во скопско Ракотинци

Најново од Вести