На денешен ден започнува Солунскиот конгрес, на кој е донесено решението за подигање на Илинденското востание
Од 2 – 4 јануари 1903 г. во физико-математичкиот кабинет на Бугарската мажка гимназија Св. Кирил и Методи се одржува Солунскиот конгрес, на кое е донесено решение за подигање на Илинденското востание. На когресот присуствуваат 17 делегати, а за председател е избран Иван Гарванов од Стара Загора. За членови на Централниот комитет се избрани Димитар Мирчев (секретар) од Прилеп и Спас Мартинов од Битола. На последниот ден под притисок на Анастас Лозанчев, а во отсуство на видни дејци на ВМРО, е донесено решение да се подигне востанието. Во средината на јануари во Софија се одржува советување со членовите од Задграничното представништво на организацијата на кое се разгледува солунското решение Меѓу нив нема едномислие, а најголем противник на востанието е Ѓорче Петров. На крајот на краиштата после долги дискусии ЗП на организацијата се присоединува кон тоа решение. Покасно во Македонија Гоце Делчев се среќава со Даме Груев, кој се вратил од заточение и стигат до заклучок дека враќање назад нема.
“Во 1902 и 1903 г. до денот на востанието – 20 јули 1903 г. – прогонувањето на Бугарското население беше неопишиво. На нас адвокатите, полицијата ни беше забрането да пишиме молби/барања на Бугарите до административните власти… Освен србските чети во Северозападна Македонија Хилми паша во согласност со грчките емисари ги создаде на југозапад грчките андарти. И така Бугарските чети требаше да се борат против три фронта: турската војска, која што во потери ги прогонуваше, србските чети и грчките андарти. Тешка стана положбата на организацијата. Раководителите и во специален за целта конгрес решија да подигнат сеобшто востание.“
