Партиите имаат една недела да најдат решение за Законот за јазиците
По вчерашниот неуспешен обид за продолжување на 32. собраниска седница за законот за јазиците за кој ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35 илјади амандмани, претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа кажа дека немало доволно гласови за да продолжи постапката, бидејќи некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за законот.
Рок од една недела имаат политичките партии да најдат решение за Законот за употреба на јазиците, рече Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „200“ на телевизијата Алсат. Според Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка.
-Собранието не смее да биде заложник за никого, порача Џафери.

