На иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор во РС Македонија Скопје кажа: „Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни“
Точно во 12 часот денеска во центарот на главниот град на РС Македонија Скопје, за трета година по ред се одржа едноминутен настан со кој ќе се означи поддршката на жртвите на семејното насилство. Перфомансот се случи на иницијатива на г-ѓа Билјана Ангелова, сопруга на Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, како дел од кампањата “Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“.
Во знак на поддршка за жртвите на семејно насилство, на настанот присуствуваа амбасадорите на ЕУ, Чешка, Словенија, Романија, акредитирани во Северна Македонија, како и претставници на дипломатските претставништва на Полска, Италија, Швајцарија, Украина, Словачка, Бугарија. Освен претставниците на дипломатскиот кор, својата поддршка кон жертвите ја изразија и Нена Смилевска од Организацијата на жени на град Скопје и координатор на шелтерот за жени жртви на семејно насилство, Имране Морина, која за втора поредна година учествува во кампањата на Билјана Ангелова, активисти за правата на жените жртви на семејно насилство и граѓани, кои ја поддржуваат иницијативата во заштита на жртвите на семејно насилство.
„Ние велиме дека ќе направиме сѐ што е можно да го спречиме насилството дома. Како да го спречиме насилството надвор? Годинава со г-ѓа Имране Морина организиравме настан со наслов: „Насилството денес, раѓа насилство утре“, со акцент на тоа што прави нашето обштество. Сите мои кампањи се за општеството, како да си ги отвориме очите, кон проблемите, за да ги надминуваме полесно и да си помагаме една на друга“, изјави пред медиумите Билјана Ангелова, иницијаторка на кампањата „Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“
Целата изјава на г-ѓа Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор во РС Македонија погледнете ја во видеото што следи:
Погледнете ја и галеријата од настанот што се одржа на централниот плоштад во главниот град на РС Македонија Скопје.