НА ИТАЛИЈАНСКИ КРУЗЕР ВО ЈАПОНИЈА ЗАРАЗЕНИ 48 ЛИЦА

/

На италијански крузер којшто пристигнал на пристаништето Нагасаки има заразени 48 членови на екипажот, соопшти официјален претставник. Властите се загрижени за можното ширење на епидемијата, бидејќи некои членови на екипажот го напуштале пристаништето.

Уште 14 случаи на инфекција се потврдени на крузерот „Коста Атлантика“, а сите заразени се готвачи и келнери, изјави претставник на префектурата Нагасаки, загрижен дека и покрај забраната, некои членови на екипажот не останале во изолација.

Еден пациент од крузерот е на респиратор. Пред два месеца, крузерот „Дијмонд принцес“ пристигна во јапонското пристаниште Јокохама, на кој над 700 патници биле заразени со коронавирус.



Извор: Макфакс



Претходна статија

ПРВ ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВИРУС И ВО ВАЛАНДОВО

Следна статија

НОВИ 41 ЗАБОЛЕН ОД КОРОНАВИРУС, НЕМА ПОЧИНАТИ

Најново од Вести