ПРВ ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВИРУС И ВО ВАЛАНДОВО

/

Првиот заболен пациент од корона вирус во Валандово, кој беше регистриран вчера, моментно се лечи на Одделението за пневмофизиологија во болницата во Битола, каде бил примен на 17 април, пренесува Фокус.

Валандовчанецот има 64 години и е во добра здравствена состојба. Го очекува тестирањето кое ќе биде направено по 14 дена од неговиот прием во болницата.

Градоначалникот Перо Костадинов на својот фесбук профил објави дека пациентот по враќањето од странство, бил спроведен во државен карантин каде што ги покажал и симптомите на болеста.



Тој апелираше до сограѓаните да бидат емпатични и да избегнуваат непотребно создавање паника, а на инфицираното лице му посака брзо и лесно оздравување.

Претходна статија

ОСМАНИ И АДЕМИ НЕГАТИВНИ НА КОВИД 19

Следна статија

НА ИТАЛИЈАНСКИ КРУЗЕР ВО ЈАПОНИЈА ЗАРАЗЕНИ 48 ЛИЦА

Најново од Вести