ОСМАНИ И АДЕМИ НЕГАТИВНИ НА КОВИД 19

/

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за образование и наука Арбер Адеми се нагативни на КОВИД 19, пренесува Канал 5.

Тие денеска на своите Фејсбук профили објавија дека е негативен првиот тест што им бил направен.

– По една недела изолација, првиот тест за 19-негативен. Врз основа на одлуката ми требаат уште седум дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест, напиша вицепремиерот Османи.

Министерот Адеми, кој исто така информира дека е негативен, им се заблагодари на сите за поддршката и им посака брзо закрепнување на сите заболени.



– Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од два метра, напиша Адеми.

Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово кој е позитивен на КОВИД 19.

Претходна статија

ЛЕКАРСКАТА КОМОРА БАРА СУДОТ НА ЧЕСТА ДА ОДЛУЧУВА ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА ОХРИДСКИТЕ ЛЕКАРИ

Следна статија

ПРВ ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВИРУС И ВО ВАЛАНДОВО

Најново од Вести